Поднесено обвинение против поранешениот градоначалник на Општина Неготино


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд Неготино поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот, со кој го товари за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинителството утврди дека обвинетиот во временскиот период од 2014 до 2017 година, во повеќе наврати, како службено лице – Градоначалник на Општина Неготино ги пречекорил границите на службените овластувања со намера за вработени во општината, четворица државни службеници да прибави поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари. Имено, обвинетиот постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи, Законот за државни службеници, Законот за административни службеници и Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија каде е предвидено дека прекувремената работа може да трае најмногу 8 часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, при што додатокот за плата за прекувремена работа да биде во износ од 35 % од износот на основната плата пресметана по час.

Обвинетиот го извршил кривичното дело и нанел штета на Буџетот на Општината, со тоа што потпишал на вработените во општината да им биде исплатено повеќе од 190 часа годишно прекувремена работа и тоа по 40 % за час, без да постои поединечно Решение и Извештај за прекувремената работа, ниту уредно архивско заверување, се вели во соопштението на Јавното Обвинителство.​


Видете следно

Колку изнесува просечната месечна исплатена нето-плата по вработен ?!

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, …