Поднесено обвинение за обид за разбојништво во обложувалница


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, кое на 18.01.2019 година во една спортска обложувалница  се обидело да изврши кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот делото го сторил во соизвршителство со уште едно лице чиј идентитет не е утврден до овој момент.

Обвинетиот и неговиот соизвршител на критичниот датум, со употреба на закана дека непосредно ќе нападнат врз телото на еден вработен, се обиделе да одземат парични средства во сопственост на обложувалницата. Притоа, непознатото лице останало пред вратата за да чува стража, додека обвинетиот ставил ракавици на рацете, се маскирал со маица преку главата, извадил пиштол и влегол во објектот. Тој се доближил до пултот каде што работел оштетениот и му се заканил по неговиот живот со барање да му ги даде парите. Вработениот клекнал под пултот и ја затворил вратата, со што го спречил обвинетиот да влезе во внатрешната страна и да ги одземе парите. Сега обвинетото лице се обидело да ги скрши дрвената врата и заштитното стакло од пултот со удари од нозете и со удари од кундакот на пиштолот, но не успеал во намерата, па со својот соизвршител веднаш се дале во бегство.

Откако беше лишен од слобода, на обвинетиот веднаш од страна на судија на претходна постапка му беше определена мерка притвор. Ценејќи дека законските основи за ваквата мерка се уште постојат, надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинителниот акт, до Судот достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетото лице.


Видете следно

Најголемо зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е во секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, …