Подршка од цела Европа за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот – Видеа кои ќе останат во незаборав од Синиша Михајловиќ


Синиша Михајловиќ e српски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната. Во моментов ја води екипата на Болоња.

Кариерата ја започнал како лево крило, меѓутоа со преоѓањето во Италија бил прекомандуван во одбраната, каде што играл до крајот на својата играчка кариера. За репрезентациите на СФР Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, Михајловиќ одиграл вкупно 63 натпревари и постигнал 10 гола, а учествувал и на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.

Познат е како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот. По завршувањето на играчката кариера работел како помошен тренер во Интер до 2008 година. После Интер, работел како главен тренер и ги водел Болоња, Катанија, Фјорентина, српската репрезентација, Сампдорија, Милан, Торино и Спортинг Лисабон.

Синиша Михајловиќ на прес-конференцијата во Болоња потврди дека боледува од леукемија, но најави дека ќе продолжи да работи како тренер на фудбалскиот клуб.

„Ја организирав оваа прес-конференција бидејќи сакав прво вестите да им ги соопштам на играчите, но и на сите вас. За жал, не сите го почитуваа моето барање за приватност за да продадат неколку стотина повеќе весници го уништија пријателството кое траеше со години. Имам леукемија, но ја почитувам болеста. Едвај чекам да одам во болница и да почнам со борбата. Немам сомнеж дека ќе победам. Најтешко беше да се скрие од мојата сопруга. Добив 600-700 пораки во последните неколку дена и се извинувам што не одговорив“. – изјави емотивно Михајловиќ.

„Го познавам Синиша доста добро и знам дека е човек кој никогаш не се откажува. Неговата болест не шокираше сите, но тој ќе остане тренер на Болоња“, изјави потпретседателот на клубот Џои Сапуто.

Стефан Ристовски и Горан Пандев го искажаа својот респект кон Синиша Михајловиќ и му изразија поддршка на поранешниот селектор на фудбалската селекција на Србија.

Последниот натпревар на Михајловиќ одигран на 28 мај 2007 година во Нови Сад.

Хет трикот на Михајловиќ од слободни удари

Петте најубави голови во Црвена Ѕвезда


Видете следно

Регионална конференција за управување со квалитетот на воздухот во регионот Западен Балкан – прашања, решенија и финансирање Конференцијата се одржа во Скопје

Претставници на владите на Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина (БИХ) и на Србија се …