????????????????????????????????????

Погледнете ја ерупцијата на вулканот во Гватемала што предизвика десетици загинати лица


Властите во Гватемала соопштија дека како последица на ерупцијата на вулканот Фуего досега загинале најмалку 75, а над 200 лица се исчезнати. Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по евентуално преживеани кои се најдоа под удар на ерупцијата. Околните места околу вулканот се затрупани со вулканска пепел и кал.

Вчерашната нова експлозија предизвика големо изненадување бидејќи вулканолозите соопштија дека во блиска иднина не треба да се очекува реакција.

Спасувачката акција вчера била прекината поради нова ерупција на вулканот, кој исфрлил жежок гас и растопени карпи по јужната страна на вулканот.

Повеќе од 1,7 милиони луѓе досега се погодени од ерупцијата, а над 3.000 се евакуирани.

Видете следно

ГРАД СКОПЈЕ ПОСТАВИ ДИГИТАЛНИ МЕРАЧИ НА БРЗИНА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

За да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди …