Погледнете како изгледаат реновираните простории во студентскиот дом „Гоце Делчев“


„Почнува внатрешното уредување во реконструираните блокови В и Г во Студентскиот дом ‘Гоце Делчев’. Проектот со изработка на мебел во брачните, двокреветните и апсолвентските соби, и за влезниот хол во Студентскиот дом ‘Гоце Делчев’, блок В и Г, е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Комплетното уредување се однесува на 2 влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски.

Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за одложување на облека, предмети, постелнина и книги, како и флексибилен стол“, соопштуваат од Студентскиот дом.


Видете следно

Кина инвестира 20 милијарди долари во петрохемиски комплекс

Кина инвестира 20 милијарди долари во петрохемиски проект во провинцијата Шандонг, во рамки на напорите …