Погледнете како изгледаше првиот училишен ден во училиште во Хјустон


Пандемијата на коронавирусот пролетта ги затвори училиштата во Македонија, а истото се случи и на многу места низ САД.

Во САД, училиштата обично започнуваат со работа во текот на август, а се појавија поделби бидејќи епидемијата е се уште беснее во земјата.

Некои од поголемите градови, вклучувајќи ги Чикаго, Хјустон, Лос Анџелес и Мајами, се одлучија за виртуелна настава.

„Без разлика дали е виртуелен или не, нашите ученици поминаа одличен ден. Посебна благодарност до сите наши училишта и вработени кои работеа многу часови за да направат денес успех. Со нетрпение очекуваме да ги видиме сите ученици!“, се вели во објавата на едно од училиштата во Тексас.

Децата носат маски и има растојание меѓу нив. И покрај тоа што новиот протокол предидува децата до трето оддление да посетуваат настава, поради проблемите со далечинско учење дали тие би биле до толку разумни што би правеле постојано дистанца едни од други? Сепак сметаме дека овие одлуки нема да бидат прерано и погрешно донесени од страна на нешто Министерство за образование!


Видете следно

Собраниската расправа по ребалансот на Буџетот продолжува утре

Во Собранието попладнево продолжи расправата по ребалансот на Буџетот, кој се носи поради ковид кризата …