Погледнете каков нов и современ лик ќе добие плоштадот “Коцка” во Автокоманда (Фото)


Плоштадот “Коцка” во Автокоманда, кој се наоѓа зад домот на културата “Димитар Влахов”, ќе добие сосема нов лик. Од празен и монотон простор, граѓаните од овој дел на Гази Баба, ќе добијат ново катче кое ќе биде мултифункционално, наменето за сите возрасти.

Проектот се гради во три фази. Првата, во која се опфатени најкрупните зафати, се речиси готови. Поставено е ново економично смарт осветлување, изградени се пристапните рампи за лица со инвалидитет кои меѓусебе се поврзани. Во фаза на изградба е новата пристапна платформа која ќе го поврзе плоштадот со Домот на култура, а се работи на плочникот кој ќе биде обложен со ситнозрнест гранулиран бетон како и на скалите на плоштадот. Првата фаза ќе се финализира со поставување на урбана опрема.

Целиот простор ќе има форма на отворена сцена која ќе претставува одлично место за културни манифестации, а ќе се простира на површина од 2300 квадратни метри.

Во втората фаза, ќе се гради современо детско игралиште, а во третата, ќе се уредува паркинг просторот, кој ќе биде ограничен само потребите на станарите или сопствениците на дуќаните во околината.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …