Покачување на платите во основното, средното и високото образование за 5%


Вчера на 150-тата седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за покачување на платите во основното, средното и високото образование во Република Северна Македонија за 5% почнувајќи од исплата за септември 2019 година и го задолжи министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише Спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите.

Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија дополнително го задолжи министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5%, почнувајќи од исплата на платата за месец септември 2019 година.


Видете следно

По 10.000 денари за првенците на генерација во Општина Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во …