Полицијата казни пратеник бидејќи зборувал на телефон додека возел на патот Куманово-Скопје


Полициски службеници од СВР Скопје денеска му врачиле платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта во Република Северна Македонија. ев/дма/

2021-01-18 13:13:08, од Елизабета Велјановска-Најдеска

Скопје, 18 јануари 2021 (МИА)


Видете следно

Не е на нас политичарите да пресудуваме или да кажуваме за кој било случај и судска одлука дали е некој виновен или невин, вели Маричиќ

Говорот на омраза е кривично дело и ние секогаш како Влада сме застапувале спуштање на …