Полицијата санкционираше 105 возачи во Центар


Министерството за внатрешни работи вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на Општина Центар изрече вкупно 105 мерки, меѓу кои пет за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила, а 10 мерки за возење под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. сст/мд/

Скопје, 22 ноември 2020 (МИА)


Видете следно

Јавен повик за субвенционирање на поправка на лифтови и кровни површини во Карпош

Општина Карпош објавува јавен повик за субвенционирање за поправка и санација на постоечки лифтови и …