Полицијата во Скопје вчера исклучила 17 возачи од сообраќај бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената


Во текот на вчерашниот ден (24.04.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и четири со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и осум со лесни телесни повреди. Потоа, 17 возачи се исклучени од сообраќај бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исклучени се и 51 возач бидејќи: 34 од нив управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, 13 возачи биле почетници а четворица возеле под дејство на алкохол. Исто така, 11 возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, петмина недале првенство на минување на пешаци, петмина неправилно се престроиле а тројца неправилно престигнувале.

Покрај ова, од сообраќај биле исклучени 51 возило бидејќи 44 биле нерегистрирани, пет технички неисправни и две заради претовареност. Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и двајца коишто поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 188 мандатни платни налози, додека 80 возила се подигнати со “Пајак”, информираат од МВР.

Видете следно

Николовски: Со порибувањето создаваме услови за зачувување и заштита на автохтоните видови риби во речните води

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство започнува со порибување на риболовните води во земјава, кои …