Полјаците не го сакаат еврото


Мнозинството Полјаци се против воведувањето на единствената европска валута – еврото , во земјата. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на институтот GfK Polonia.

Според истражувањето, речиси три четвртини од полските граѓани (74 % ) се противат на прифаќањето на еврото и откажувањето од националната валута – злоти. Од испитаниците 42% се ” категорични против усвојувањето на еврото “, 32% повеќе против. Категорични поддржувачи на воведувањето на еврото во Полска се само 5%.

Истражувањето беше спроведено помеѓу 3 и 6 април. Интервјуирани биле 1020 полски граѓани над 15 -годишна возраст, соопштува economic.

Едно евро се разменува за малку над 4 злоти.

Полска и девет други земји членки на ЕУ на 1 мај, одбележаа 10 години во Унијата. Еврото беше воведено во шест од нив – Словенија (2007), Кипар, Малта (2008), Словачка (2009), Естонија (2011) и Латвија (2014 година). Литванија планира да го усвои еврото во 2105 година.


Видете следно

Човек во центарот на Скопје нападна Кинези: Коронавирус, мрш од тука!

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слуша како еден човек вербално напаѓа …