Полска ќе изгради ѕид на границата со Белорусија


Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински најави дека Варшава годинава планира да почне со изградба на ѕид на границата со Белорусија.

Тој додаде дека на четири делови од ѕидот ќе се работи деноноќно.


Полска веќе подигна привремена ограда долж границата за да ги спречи мигрантите илегално да влезат во земјата. Оградата е направена од бодликава жица и е висока околу 2,5 метри. Планирано е да се замени со постојана бариера висока 5,5 метри, опремена со камери и детектори за движење.

За проектот е планиран буџет од 366 милиони евра. Полската граница со Белорусија долга е 418 километри. ми/


Варшава, 16 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Марин: Членството на Финска во НАТО е многу неверојатно

Финска во блиска иднина нема планови да се приклучи кон НАТО, но е подготвена да …