Полска станува „економско чудо“


Полска доживува подем, и нема таков во цела Европа. Работи дури да стане “економско чудо”. Иако украинската криза ја откри слабата точка на полската економија, експертите и предвидуваат нов “златен век”, коментира “Дојче Веле”.

Пред 10 години, кога Полска стана дел од ЕУ, многумина ја сметаа за проблем, најмногу поради нејзиниот огромен земјоделскиот сектор, но и поради нејзините речиси 40 милиони жители. Денес оваа проценка звучи повеќе од несоодветна, пишува Свен Астхајмер на страниците на ” Франкфуртер алгемајне цајтунг “. Полската економија доживува подем, и нема таков во цела Европа, а за време на економската криза, Полска беше единствената европска држава која продолжуваше да постигнува раст.

И долгорочно работите изгледаат одлично : во последното истражување Светската банка предвидува нов “златен век” за Полска – по речиси 500 -годишен период на економски застој.

Денес нова Полска е на пат да оствари економско припојување кон Западот. До 2030 година Светската банка предвидуваше просечен раст од околу 3 проценти годишно и удвојување на БДП во однос на денешните нивоа. Уште во 2018 година, бруто домашниот производ по глава на жител ќе го надмине БДПто на Португалија, велат од списанието manager.

Полската економија е тесно поврзана со геманската. И додека во западниот сосед на Полска работите се одвиваат добро , трансакциите на Полјаците исто така ќе одат одлично. Германија е најважниот трговски партнер на Полска – како во однос на увозот, така и во извозот. А неодамна Полска се обидува да ги засили и трговските односи во пост-советскиот простор.

Со слична прогноза се вклучи и германската новинска агенција ots. ” Полска стана синоним за успесите и предностите кои ги носи членството во ЕУ. Економското чудо е еден од овие успеси, меѓу политичката стабилност и развојот на полското граѓанско општество”, посочува агенцијата.

Успесите на Полска стануваат уште повидливи, ако ја споредиме со источните соседи Украина и Русија, пишува за возврат ” Лаузицер Рундшау “. Весникот потсетува дека во почетокот на 90-тите години, Полска се наоѓала во понеповолна стартна позиција од двата источни соседи. “Но, додека во Русија и Украина власта беше окупирана од мафијашки кланови и олигархиски структури, во Полска тоа време беше употребено за воспоставување на правната државност и демократијата”, коментира весникот.


Видете следно

Шекеринска: Ги правиме последните чекори кон НАТО, заедно со ратификацијата очекувам двотретинско мнозинство за Законот за одбрана

Република Северна Македонија ги прави последните чекори пред членството во НАТО Алијансата – рече министерката …