Помали трговски трошоци и зголемента ефикасност на транспортот во Западен Балкан со помош од Светска банка


Новиот Проект за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан ќе ги намали и времето и трошоците за трговија во регионот на Западен Балкан. Проектот во вредност од 90 милони долари, што претставува прва фаза од повеќефазниот пристап во вредност од 140 милиони долари, беше одобрен денес од страна на Бордот на директори на Светска банка.

Проектот ќе го финансира дизајнот, развојот и имплементацијата на иницијативи за подобрување на транспаретноста и интегритетот, пониски трансакциски трошоци, подобрување на меѓуагенциската координација и намалување на времето потребно за прекугранична трговија.

„Доцнењата на граничните премини во земјите на Западен Балкан се пет пати подолги отколку во повеќето земји на Европската Унија и камионите во регинот секоја година поминуваат околу 26 милиони часови на премините– што е еднакво на скоро 3,000 години“, вели Линда Ван Гелдер, регионален директор на Светска банка за Западен Балкан.

Овој проект ќе обезбеди вкупно 140 милиони долари за шесте регионални земји учесници од Западен Балкан, со тоа што првата фаза ќе обезбеди финансирање за Србија (40 милини долари), Северна Македонија (30 милиони долари) и Албанија (20 милиони долари). Со проектот е предвидено да се намалат годишните трошоци за увоз и извоз за повеќе од 10 проценти.

Иако извозот од Западен Балкан може да влезе во Европската Унија без тарифи, само 10-20 проценти од компаниите во регионот се извозници. Усогласеноста со процедурите – вклучително инспекциите и царината – и времето поминато на границите и премините ја намалува ефикасноста, ги зголемува трошоците и ја попречува трговијата. Во Албанија, на пример, 87 проценти од компаниите продаваат само на домашниот пазар, 10 проценти извезуваат во ЕУ и само 3 проценти продаваат на останатите земји од Западен Балкан. Овој проект има за цел да ја зголеми регионалната трговија преку намалување на нетарифните мерки, времето потребно за царинење на производите и севкупните трошоци за трговија.

Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан ќе помогне во олеснување на движењето на производи низ регионот преку воведување на Национален едношалтерски систем, поврзувајќи ги клучните агенции со цел намалување на времето за увоз и извоз преку дигитализација на царините, подобрување на инфраструктурата на граничните премини и инсталирање на клучна технологија, како што се Интелигентен транспортен систем (ITS) и Управување на поморскиот сообраќај и информатички систем (VTMIS).

„Преку подобрување на инфраструктурата, воведување на нови технологии и зголемување на координацијата меѓу агенциите, проектот ќе ја поттикне трговијата и растот во целиот регион“, вели Ван Гелдер. „Проектот, исто така, ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за околу 30,000 тони, преку намалување на времето на работа на возилата во место, инсталација на соларни панели на царинските објекти и нови дрва околу местата за паркинг“.

Други еколошки придобивки од проектот влучуваат и помалку користење на хартија преку дигитализација, зголемената енергетска ефикасност во новите и обновени објекти и воведување на систем на рано предупредување во надгледувањето на ризиците од климатските промени и предвидување трговски прекини на патната мрежа.


Видете следно

УЈП: За неколку дена истекува рокот за увид во претпополнетата ГДП за 2018 година

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31.05.2019 истекува рокот за увид во …