Попова Шапка сончева и снежна, неодолива за рекреативците


Најголемиот македонски ски центар Попова Шапка на ден пред викендот е полн со посетители рекреативци кои уживаат на прекрасните терени за скијање.

Викенд населбата е речиси полна, а од пред новогодишните празници има и постојано жители кои ужуваат во побелената природа која на Шапка оваа сезона ја има во изобилие.

Сообраќајот го контролира полицијата со цел да не се создаде гужва околу ски-центарот, а се пропуштаат возила – гости во хотелите и во викендичките.

Скијачкиот центар Попова Шапка располага со скијачки патеки во должина од 35 километри. Скијачките патеки се погодни за почетници, но и за професионални скијачи, санкачи, сноубордери.

Со официјалниот почеток на зимската сезона ќе важат вообичаените цени за ски – билетите. Дневниот билет, кој важи од 9 до 15:30 часот, ќе се продава по цена од 1.000 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 15:30 часот, е 700 денари. Билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, е 500 денари. За сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 150 денари. Новина е можноста за туристички разглед со снеготапкач по цена од 6.500 денари од час.

Оваа зимска сезона, Ски – центарот работи согласно донесените протоколи за работа на ски – центрите во земјава од страна на Владата, заради превенција и заштита од актуелната пандемија на Ковид – 19. бк/лв/

2021-01-15 13:51:27, од Борис Куноски

Скопје, 15 јануари 2021 (МИА)


Видете следно

Не е на нас политичарите да пресудуваме или да кажуваме за кој било случај и судска одлука дали е некој виновен или невин, вели Маричиќ

Говорот на омраза е кривично дело и ние секогаш како Влада сме застапувале спуштање на …