Поповски: Заев успеа, меѓу другото, да ја крене земјата и да го зачува македонскиот идентитет и јазик и лажните вести тоа не може да го сменат


Координаторот на Центарот за комуникации на СДСМ, Александар Поповски вели дека премиерот Заев максимално и посветено се бори за Македонија и нејзината иднина во НАТО и ЕУ.

„Снимката што покажа:

1. Заев максимално и посветено се бори за Македонија и нејзината иднина во НАТО и ЕУ.

2. Заев е отворен во комуникацијата и секогаш ги брани државните интереси.

3. Заев успеа, меѓу другото, да ја крене земјата и да го зачува македонскиот идентитет и јазик и лажните вести тоа не може да го сменат.

4. Заев вистински и реално ја поддрржува и се залага за признавање на МПЦ.

5. Тој е против промена на границите.

6. Лажните вести и манипулациите се оружје на оние кои не и мислат добро на оваа земја и не сакаат да бидеме дел од НАТО и ЕУ“, се вели во статусот на Поповски.

Facebook статус: Александар Поповски


Видете следно

ОЈО: откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на …