Поради реконструкција автобуската постојка Југодрво е вон употреба


Поради реконструкција на коловозот на булевар „Кочо Рацин“ и воведениот времен режим на сообраќај, автобуската постојка Југодрво е вон употреба.

Поради градежните зафати, автобуската линија 9 сообраќа по изменета траса во правец од Скопје Север кон Клинички центар, односно, автобусите после Бит пазар, вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Филип Втори Македонски“ (од кај МНТ), кај Градска болница лево по булевар „11 Октомври“ (Зелен пазар) и десно преку булевар „Кочо Рацин“ продолжуваат по вообичаената траса.

Во правец од Клинички центар кон Скопје Север, возилата сообраќаат по својата редовна траса.

Посочените измени ќе важат се до обезбедување услови на терен за вообичаен режим на функционирање на јавниот превоз.



Видете следно

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Во денешни услови евидентно е дека луѓето живеат подолго и поздраво, така што, со оглед …