Пораст кај индексот на прометот во индустријата


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2019 година, во однос на март 2018 година, изнесува 113.5.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.8 %, Капитални производи за 21.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.5 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2019 година, во однос на февруари 2019 година, изнесува 112.9, додека во периодот јануари – март 2019 година, во однос на периодот јануари – март 2018 година, изнесува 111.9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2019 година, во однос на март 2018 година, изнесува 103.2.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.0 % и Капитални производи за 25.9 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2019 година, во однос на февруари 2019 година, изнесува 118.7, додека во периодот јануари – март 2019 година, во однос на периодот јануари – март 2018 година, изнесува 100.0.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2019 година, во однос на март 2018 година, изнесува 117.0. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.5 %, Капитални производи за 21.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.4 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.7 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2019 година, во однос на февруари 2019 година, изнесува 111.6, додека во периодот јануари – март 2019 година, во однос на периодот јануари – март 2018 година, изнесува 115.7.


Видете следно

УЈП: За неколку дена истекува рокот за увид во претпополнетата ГДП за 2018 година

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31.05.2019 истекува рокот за увид во …