Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај свежото и разладеното овошје


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 100.2.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2018 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 4.8 %, замрзнатото овошје и сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, јогуртот, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0.3 %, сирењето и урдата, конзервираното овошје, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи и другите прехранбени производи за 0.2 %.

Во јуни 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 4.8 %, услугите за сместување за 3.7 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за култура за 3.5 %, туристичките пакет-аранжмани за 2.8 %, гасот за домаќинствата за 2.6 %, парамедицинските услуги за 2.2 %, стоматолошките услуги за 1.8 %, игрите, играчките и хобијата за 1.6 %,средствата за чистење и одржување на станот за 1.1 %, снабдувањето со вода и другите услуги во врска со станот за 0.6 % и обувките за 0.4 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 6.7 %, компирот за 2.2 %, рибата и морските плодови, маслото и маснотиите за 0.5 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај книгите за 11.3 %, авионскиот превоз на патници за 5.0 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 4.4 %, телефон и телефакс- опремата за 4.1 %, болничките услуги за 1.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.1 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 1.0 %, информатичката опрема за 0.8 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за лична хигиена за 0.5.%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.4 %, материјалите за одржување и поправки на станот и лековите за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со јуни 2017 година, забележа пораст од 1.4 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 2.8 %.

Видете следно

Објавен редовниот конкурс за учениците од основите и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето и Светскиот ден на осигурувањето

Денес, Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија за …