Пораст на откупните цени на градинарските култури во Струмичко


-Откупните цени на градинарските култури во Струмичко денеска бележат раст. Доматите се откупуваат од 25 до 40 денари за килограм, пиперките од 40 до 50 денари, краставиците од 10 до 30, а лутите пиперки за 20 денари за килограм.

Градинарите од Струмичко се задоволни од откупните цени и велат дека во споредба со изминатите неколку недели, кога цените беа ниски, денешните се добри за нив. Додаваат дека доколку се задржат на тоа ниво во наредниот период тогаш ќе се исплатливи за производителите.


-Во овој период завршува бербата од првите реколти, но почнува и новата така што со пласманот на производството од новата реколта се надеваме дека ќе ги покриеме производствените трошоци, но и да заработиме, изјави Драги Памуков, земјоделец од село Куклиш.

Според Ристо Велков од Сојуз на синдикати на земјоделски производители Струмица добро е што овој период има зголемена побарувачка за градинарското производство.


-Од денешните откупни цени сме задоволни и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и понатаму. Со овие цени ќе успееме да ги покриеме производствените трошоци, кои се многу поголеми во споредба со лани заради енергетската криза, рече Велков.

Градинарските култури од Струмичко се извезуваат во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Грција и други земји од ЕУ, а покрај странците големи количини треба да откупат и домашните преработувачки капацитети. рт/лв/


Струмица, 21 јуни 2022 (МИA)


Видете следно

South Side Cocktail Bar – првиот крипто бар во Македонија

South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во …