Пораст на прометот во септември 2014 година, во однос на 2013 кај повеќето индустриски групи


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, изнесува 120.5.

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2014, во однос на септември 2013 година, бележи пораст од 2.0%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 27.7%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, бележи пораст од 4.7%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 21.3%.

Според главните индустриски групи, прометот во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, бележи пораст кај Енергија за 34.1%, Капитални производи за 70.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.4%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.5%.

Индексот на прометот во индустријата во септември 2014 година, во однос на август 2014 година, изнесува 110.8, додека во периодот јануари-септември 2014 година, во однос на периодот јануари-септември 2013  година, изнесува 113.8.


Видете следно

Во Кисела Вода деновиве се уредува нов парк на површина од 16.000 квадратни метри

На неуредениот простор меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга во Кисела Вода деновиве се …