Porsche Speedster 2018 Concept

Porsche 911 Speedster влегува во производство


Концепт студијата, презентирана по повод 70-тиот роденден на производителот на спортски автомобили Porsche, ќе се произведува како ограничено специјално издание. Точно ќе бидат произведени 1.948 единици Porsche Speedster. Овој број претставува симболично навраќање на годината на производството на првиот Porsche 356 „Number 1“, кој ја доби лиценцата за работа на 8 јуни во 1948 година.

Во Париз, Porsche ја претстави втората генерација на Speedster Concept студијата. Црвената боја на претставеното концепт возило претставува навраќање кон 911 Speedster модел – G генерацијата од 1988 година.

Сонот станува реалност, концептот за 911 Speedster, кој првично беше претставен на 8 јуни 2018 година во Zuffenhausen како верзија на „Heritage“, ќе започне со производство во 2019 година. Автомобилот беше развиен од страна на Porsche Motorsport дивизијата во Вајсах во соработка со Style Porsche и Porsche Exclusive Manufaktur.

Идниот 911 Speedster, базиран на моменталниот  991, ќе биде првиот автомобил што ќе биде понуден со новите пакети за дизајн на „Heritage“. Оваа ексклузивна додатна линија од Porsche Exclusive овозможува уште поголем степен на персонализација за 911.


Видете следно

Еве што понудил Мијалков за да си ја купи слободата

Сашо Мијалков понудил гаранција во вредност од милион евра за да излезе од затворот во …