Португалија го најави крајот на рецесијата


Десноцентристичката влада на Португалија официјално објави излез на земјата од рецесија, информираше руската служба на BBC. На овој начин Португалија е втора земја по Ирска од еврозоната, која се закануваше со банкрот во 2009 година и успеа да ја закрепне финансиска независност.

Лисабон доби гаранции во вредност од 78 милијарди евра (106 милијарди долари ) од Европската унија ( ЕУ ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) против остварувањето на болните мерки.

“Португалија успеа да надмине една од најлошите кризи во поновата историја, но претстои уште многу да се направи. Буџетската дисциплина ќе остане една од нашите редовни обврски”, рече премиерот Педру Пасуш Коелјо.

Повод за оптимистичко мислење е дека минатата година португалската економија одбележала раст во три квартали по ред, при тоа со брзо темпо во целиот ЕУ. С

Според опозицијата сепак владата се фали предизборно. Критичарите велат дека властите ” претераа со своите достигнувања”, бидејќи за првиот квартал на 2014 година, економијата повторно покажала негативен раст од -0.7 %. Националниот долг пак останува на ниво од 127 % од БДП.

 


Видете следно

Димковски и Бабовски во Кавадарци: Продолжуваме да инвестираме во развој на општините и поттикнување на регионалниот развој

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот за Агенцијата за …