Португалија ја продолжи работната недела


Уставниот суд на Португалија го одобри продолжувањето на работната недела во државниот сектор со пет часа до 40 часа, поддржувајќи ги напорите на владата за буџетските заштеди, пренесе Reuters.

Мерката беше усвоена од Владата во текот на летото, како спасувачка меѓународна програма за намалување на трошоците.

Опозициските политички партии се спротивставија, тврдејќи дека тоа ги поткопува правата на работниците.

Уставните судии го одобрија продолжувањето на работната недела со седум гласа “за” и шест “против”.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …