Breaking News

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје


На булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до кружниот тек кај Католичка црква од 7 до 19 часот сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.


Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“ Скопје, времениот режим се воведува поради активности по завршување на градежните активности за реконструкција на булеварот. свс/ев/


Фото: МИА архива