Поскапувањето на водата ќе биде инвестиција на секој од нас: Колку ќе чини м3 вода?


Jавното Претпријатие Водовод и канализација – Скопје се финансира исклучиво од продажба на вода и извршени услуги. Важечките цени за услугите Вода со канализација

за домаќинства се 29,39 денари за метар кубен, а цената за стопанството е повисока и изнесува 65,80 ден/m3.

Водата без канализација за Домаќинства е 17.25 ден/m3, а за стопанството 46,63 ден/m3.

Во цената на услугата за вода се вклучени и 19,5 % надомест за одржување на јавното зеленило, односно за Ј.П. Паркови и зеленило – Скопје.

Со сметката за вода и канализација се прибираат и средства за одржување на јавната хигиена, односно за Ј.П. Комунална хигиена.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов најави ќе дојде до поскапување на цената на водата во главниот град поради имплементација на пречистителната станица затоа што согласно европската регулатива, ќе мора да има посебна ставка за тоа.

– Тоа е некаде во 2023 година. Но и тоа поскапување, ќе биде инвестиција на секој од нас, во здрава животна средина – додаде Шилегов.

Колку ќе поскапе водата во 2023 година, останува да видиме.


Видете следно

Технологија за анализа на квалитетот на сточната храна за прв пат ќе се воведува во Северна Македонија

Денеска во Битола се одржа првата од циклус обуките за анализа на квалитетот на сточната …