Последниот лет на Malaysia Airlines


Само во рамките на 4 месеци авиокомпанијата загуби два големи авиони. А со тоа и целосната доверба во патниците, што значи само едно – крај на нејзиното постоење.

На малезиската компанија и ‘се наметнува по втор пат оваа година да лансира слична порака, откако на 8 март соопшти дека нејзин Boeing 777-200ER исчезнал од радарите некаде во југоисточна Азија, а потрагата на авионот MH370 продолжува и до денес.

За прв пат од терористичките напади од 11 септември 2001 година, две големи машини удираат во рамките на толку кратка временска разлика. Тогаш два авиона на American Airlines и United Airlines се разбија во кулите близначки во Њујорк во рамките на час. Во случајот, сепак, станува збор за летови на истата авиокомпанија.

Уште по првата несреќа Малезија ерлајнс беа соочени со економска катастрофа. Иако компанијата е дел од алијансата Oneworld каде членуваат потврдени гиганти како British Airways и Air Berlin, нејзините партнери нема како да и помогнат. И покрај тоа дека персоналот и во двата трагични случаи немаат утврдена вина, авиокомпанијата најверојатно нема да може да успее да ја преживее втората катастрофа.

Уште по првата несреќа компанијата ја претрпе најголемата загуба во економската историја. Една од причините: драстичен пад на резервациите, особено во важните линии за Кина и Австралија. И разбирливо, по несреќата многу патници се исплашија да не се повтори трагедијата. И ете, се случи.

Сега акционерите треба да одлучат што ќе биде иднината на компанијата. Уште по првиот случај тие размислуваа за реструктуирање на компанијата, па дури и продажба на делови од неа. Со последната случка сепак е тешко да се каже дали ќе се најдат купувачи.



Видете следно

ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата …