Потоп за најголемиот организатор на крстарења во светот


Британско-американскиот организатор за крстарење „Карневал“ објави дека го завршил вториот фискален квартал со нето загуба од 4,4 милијарди долари поради пандемијата „Ковид-19“.

Нето загубата во тримесечниот период што завршува во мај е најголема во историјата на водечкиот светски оператор за крстарење. Во истиот период минатата година, компанијата работела со нето добивка од 451 милиони долари, пишува порталот Bankar.me.

Бродскиот бизнис со крстарење пропадна откако неколку бродови станаа во фокусот на епидемијата на вирусот корона. Некои патници и работници починале како резултат на инфекцијата, а некои биле ставени во карантин во пристаништата.

По продажбата на шест бродови, тие беа принудени да отпишат 2 милијарди долари поради разликата во продажната цена и нивната книговодствена вредност.

„Колку подолго се прекинува деловната активност, толку е поголемо влијанието врз ликвидноста и финансиската позиција на компанијата“, потенцираат тие на карневалот.

Крстарењата обично се резервираат од шест месеци до една година однапред, а од избувнувањето на епидемијата на бродовите во Азија, резервациите се откажаа или беа рефундирани.


Видете следно

Трамп издаде наредби за забрана на трансакции со кинеските сопственици на „TikTok” и на „WeChat”

Вашингтон, 7 август 2020 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп издаде извршни наредби со кои …