Потпишан договор за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Универзитетот ФОН за дообразование на вработените во МВР



 Интензивирање на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Американскиот универзитет на Европа – ФОН, беше во фокусот на денешната работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и  директорот на Американскиот универзитет на Европа ФОН, Сефер Цаноски, која се одржа во просториите на Министерството за внатрешни работи.

На средбата беше заклучено дека интензивирањето на соработката меѓу двете институции е  посебно значајно за развој на сегментот на дополнително образование и обука на припадниците на полицијата, особено вработените од Секторот за комјутерски криминал. За таа цел, министерот Спасовски и директорот на Универзитетот Цаноски потпишаа Договор за соработка, кој претставува рамка, со која дополнително се зацврстува соработката меѓу министертвото и Универзитетот во делот на доедукација на припадниците на Министертвото за внатрешни работи.

Според директорот Цаноски во обуката ќе бидат вклучени и неколку влијателни универзитети од Соединетите Американски Држави, а министерот Спасовски нагласи дека образованието е клучен дел од секој сегмент во општеството, а дополнителната едукација е од исклучителна важност за соочување со новите предизвици на полициските службеници. 


Видете следно

Втор ден расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата

Втор ден пратениците во Собранието расправаат по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот …