Потпишан меморандум на соработка помеѓу ЛУ Градски музеј од Крива Паланка и Дом на култура од Витина


Денес во просториите на ЛУ Градски музеј во Крива Паланка беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Домот за култура од општина Витина и ЛУ Градски музеј во Крива Паланка.

Потпишувањето на Меморандумот за соработка е фаза од имплементација на проектот ,,Туризам без граници“ кој е  финансиран од Европската унија преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Косово, а идејата е преку овој вид на активности да се воспостави  формална мрежа на соработка помеѓу институции, кои работат во областа на културата од општина Крива Паланка и општина Витина.

Меморандумот на соработка  беше потпишан од страна на Директорот на домот за култура од општина Витина и  Директорот на ЛУ Градски музеј во Крива Паланка.


Видете следно

Од денес нови цени на горивата по бензиските пумпи

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во …