Потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Канада за меѓувладини трансакции


Вчера во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Канада за меѓувладини трансакции, вклучувајќи набавка на безбедносна и сигурносна опрема, обувки и услуги. Меморандумот го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Н.Е. Кетлин Чаба, вонреден и ополномоштен амбасадор на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора.

Меморандумот има за цел да ги олесни и помогне меѓувладините трансакции за набавка на безбедносна и сигурносна опрема, обувки и услуги кои ќе се извршуваат меѓу двете страни. Исто така, со меморандумот е предвидено двете страни да идентификуваат  проекти или активности за кои се достапни добра или услуги од Канада.


Видете следно

Средба на Претседателот Пендаровски со Јоханес Реи од фондацијата Конрад Аденауер

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска оствари средба со Јоханес Реи, раководител на …