Потпишана повелба за пријателство и соработка помеѓу град Жупања и Општина Крива Паланка


Деновиве во посета на градот Жупања, Република Хрватска престојува делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, со претставници од Советот на Општината , како и претставници на локалната општинска администрација.

Во рамки на официјалната посетата, денес беше потпишана Повелба за пријателство и соработка меѓу град Жупања Од Р. Хрватска и Општина Крива Паланка од РС Македонија.

Повелабата за пријателство и соработка свечено ја потпишаа градоначалникот на град Жупања, Давор Миличевиќ и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Целата на ова ново пријателство меѓу двете општини е унапредување на взаемните односи, размена на искуства во насока на подобрување на економскиот, социјалниот и културниот развој, градење на блиски врски, размена на искуства и широка соработка на полето на културата, младите и спортот, како и во други области од општествениот живот,а се  со цел, развој и благосостојба на локалните заедници.

 


Видете следно

До сега произведени и донирани вкупно 6500 визири

До вечерта на 7.април се произведени и дистрибуирани 6500 заштитни маски со визири финансиски поддржани …