Breaking News

Потпишување договори за проектот за градење отчетни институции за управување со јавните финансии


Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи денеска ќе потпишат договори за реализација на проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии.


Целта на проектот е да се подобри ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи и да се зголеми ефективноста на администрирањето на приходите.


Вкупната вредност на проектот изнесува 24,9 милиони евра од кои 20 милиони се заем од Светска банка, а 4,9 милиони евра се грант од ЕУ што ќе се администрира преку Светска банка.

Договорите ќе бидат потпишани во Министерството за финансии во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. мч/са/


2023-01-25 07:25:06, од Мирјана Чакарова