Breaking News

Потпишување Правилник за функционална проценка на децата и младите со попреченост


Во Владата денеска ќе биде потпишан Правилник за функционална проценка на децата и младите со попреченост.


Правилникот ќе го потпишат министерите за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, за здравство, Беким Сали и за образование и наука, Јетон Шаќири, во присуство на претставничката на УНИЦЕФ во државава Патриција Ди Џовани. см/аа/


2023-01-12 07:07:16, од Симона Митровска