Потресна приказна од Кисела Вода, за која е потребна ваша помош


Деновиве дојде до нас една потресна приказна од Кисела Вода, за која ни е потребна ваша помош. Има едно семејство кое живее во многу лоши услови, без тоалет, без фрижидер и било каква техника. Во мала трошна куќа. Скромно во сиромаштијата и срамежливо во однос на надворешниот свет. Имаа три девојчиња, бисерчиња, но едното недоамна го загуби трагично животот.

Потресени од целата ситуација и материјална и духовна во која што се наоѓа оваа фамилија, сакаме да им дадеме можност за достоен живот на останатите двете сестри (13 години и 16 години) кои освен тоа што неможат да се справат со секојдневието сега мораат да се соочуваат и со многу поголема загуба и тага. Мајката не работи, таткото работи како работник, едвај преживуваат особено сега по оваа голема трагедија за нив.

Слики не обезбедивме од куќата поради тагата која што сега ја поминуваат, но ве молиме добри луѓе ако се најдете повикани да донирате и допринесете за нив. Потребно е се: храна, облека, или се што би сакале да имаат овие две тинајџерки а кои за жал неможат да си го дозволат, ниту пак да помислат на тоа. Потребно е на пример и создавање на основни хигиенски услови за живот. Но, да почнеме од нешто! Собирен пункт е ОУ Кирил Пејчиновиќ во Кисела Вода, контакт 078354541. mail unamkd@gmail.com


Видете следно

Во Крива Паланка поставена првата станица за полнење на електромобили

Општина Крива Паланка во соработка со ЕВН изгради електрична инфраструктура во рамки на проектот за …