Повеќе од 90.4 % од вкупната стоковна размена на Република Северна Македонија е реализирана од претпријатијата вклучени во двата протока на стоки


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2017 година, повеќе од 90.4 % од вкупната стоковна размена на Република Северна Македонија е реализирана од претпријатијата вклучени во двата протока на стоки.

Суфицитот во размената на стоки е генериран главно од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Индустрија, а дефицитот од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Трговија.

Околу половина од вкупната вредност на извозот и на увозот е концентрирана во првите 50 претпријатија.

 

 


Видете следно

АНАЛИЗА: Скоро половина од државните фирми и јавни претпријатија со загуби!

 Од вкупно 29 Јавни претпријатија и акционерски друштва во целосна државна сопственост, 13 прикажале загуби …