Повеќето Американци не му веруваат на Трамп за вакцина против Ковид-19


Повеќето Американци не веруваат во она што американскиот претседател Доналд Трамп го зборува за вакцина против коронавирусот, покажа анкета на Ен-Би-Си.

Вкупно 52 проценти од испитаниците рекле дека не веруваат во коментарите на шефот на државата за вакцините, додека 26 отсто го тврдат спротивното. Во исто време, 20 проценти рекле дека не знаат дали да му веруваат на Трамп во она што го зборува за вакцините.

Истражувањето покажа дека 58 проценти од републиканците му веруваат на Трамп за вакцините, а 14 отсто не. Само три отсто од демократите имаат доверба во шефот на државата за вакцина против коронавирус, додека 88 отсто не веруваат на неговите коментари. Независните многу повеќе размислуваат како демократите. Само 10 проценти од нив му веруваат на Трамп за вакцини, а 55 отсто не.

Вкупно 39 проценти од испитаниците (44 проценти пред еден месец) изјавиле дека ќе ја примат вакцината одобрена од Владата, 23 проценти (22 отсто пред еден месец) не, а 36 проценти воопшто не се сигурни. Истражувањето беше спроведено преку интернет од 7 до 13 септември 2020 година. Во него учествуваа 36.654 испитаници, избрани од повеќе од 2 милиони луѓе, кои беа анкетирани на дневно ниво на платформата „Срвејманки” (SurveyMonkey).

Вашингтон, 15 септември 2020 (МИА)


Видете следно

Бајден побара проценка за заканата од насилен екстремизам во САД

Претседателот на САД, Џо Бајден, побара од безбедносните и разузнавачките служби да ја испитаат заканата …