Повик за волонтери во системот за донирање на вишок храна „Сите Сити“


Во Македонија, илјадници тони безбедна храна завршува на депониите, додека 450.000 луѓе во нашата земја не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден. Со цел да го надминеме овој проблем, го воспоставивме првиот систем за донирање на вишокот храна „Сите Сити“, кој како за почеток функционира на територија на Скопје. Вишокот храна од бизнисите ќе се донира  преку граѓански организации на социјално загрозени граѓани.

Доколку сакате да помогнете со донирање на вишокот храна, можете да се вклучите според вашите можности и интереси.

  • Пренос на храна, храната треба да биде пренесена од донатор кон граѓанската организација (со или без ваше возило).
  • Наоѓање на нови организации, односно помагате во вклучување на нови бизниси со вишок храна и граѓански организации кои имаат потреба од истата.

За да се вклучите во системот за донирање на вишок храна „Сите Сите“, пополнете ја апликацијата на овој линк и ќе ве поканиме на информативен состанок.

„Сите сити“ е систем за донирање на вишокот храна поддржан од Швајцарската амбасада, УСАИД, Мировниот Корпус, Националниот Демократски Институт и Публицис.

За дополнителни информаци, контактирајте не’ на kontakt@ajdemakedonija.mk или на Фејсбук страната.


Видете следно

(ВИДЕО) Mакедонскиот филм „Воени кучиња“ сеуште го држи првото место на натпреварот „Филм конверт“

Македонски краток филм „Воени кучиња“, на режисерите Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, повторно е дел …