Познати светски уметници подарија свои дела на МСУ – Скопје


Холандскиот визуелен уметник Јонас Стаал (Jonas Staal) и рускиот колектив од уметници, критичари, филозофи и писатели „Что делат“ (Што да се прави?) подарија уметнички дела на Музејот на современата уметност – Скопје, така што, уметничката колекција на музејот е збогатена со уште неколку значајни дела.

Уметникот Јонас Стаал ја подари својата инсталација „Нови Сојузи“ (New Unions 2016 – 2019), која е дел од изложбата „Се што ни е заедничко“ курирана од Мира Гаќина и Јованка Попова. Додека, рускиот колектив „Что делат“ го подарија нивното видео „Becoming With the Museum“ за постојаната поставка, која ќе се отвори годинава во МСУ. Ова видео беше продуцирано од „Контрапункт“ и развиено преку перформанс во рамки на „Крик фестивалот“, кој во 2017 година се одржа во нашиот музеј.


Проектите на Стаал се наjшироко изложувани во Музејот Stedelijk во Амстердам, M_HKA во Антверпен, Музејот модерна во Стокхолм и Уметничкиот центар Nam June Paik во Сеул, како и 7 Берлинско биенале, 31 биенале во Сао Паоло и 12 биенале во Тајпеј.

Рускиот колектив има соработувано на Документа 12 во Касел во 2007 година, 11-то издание на Биеналето Гвангжу во 2016 година, Програма за практика на Гараж Музејот во Москва во 2017 година…. И изложувано на Proregress: 12-то биенале во Шангај 2018, Кина; Модерната уметност: 1960–2000 година. Рестарт, галерија Третјаков, Москва (2018); МУАК (The Museo Universitario Arte Contemporáneo), Мексико (самостојна изложба 2017); КОВ БЕРЛИН (самостојна изложба во 2017 и 2015 година), Биенале на Сан Паоло (2014); Уметност, навистина корисно знаење, Museo Nacional Centro de Arte Reina Sofía, Madrid (2014); Уметност од лево: Како вредностите се променија правејќи 1789–2013 – Тејт Ливерпул, Ливерпул (2013); НЕКОГАШЕН ЗАПАД: Документи, соѕвездија, перспективи ,, Хаус дер Култрен дер Велт, Берлин (2013); 10- то биенале Гвангжу, Гвангжу (2012); Что Делат во Баден-Баден, Статаличе Кунстел, Баден-Баден (2011); Что Делат Перестројка: Дваесет години по: 2011– 1991 година, Klnischer Kunstverein, Келн (2011); Осталгија, Њу Музеум, Њујорк (2011); Проучи, проучи и повторно дејствувај, Модерна Галерија, Љубљана (самостојна изложба,2011); Итна потреба да се бориме, Институт за современа уметност, Лондон (2010) и други.


Инсталацијата „Нови сојузи“ од Стаал е уметничка и политичка кампања, чија појдовна точка е тековната политичка, економска, хуманитарна и еколошка криза во Европа со цел да ги здружи претставниците на трансдемократските движења и организации за да предложи сценарија за некои нови идни сојузи. Делата на Стаал се однесуваат на врската помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата. Тој е основач на Уметничката и политичката организација „New World Summit“ и го води кампот за обука „Обука за иднината“, а со адвокатот за човекови права Јан Фермон ја иницираше колективната правна акција „Collectivize Facebook“. Заедно со писателката и адвокатка Рада Д’Соуза го основале „Судот за меѓугенерациски климатски злосторства“ и заедно со Лори Прувост се ко- администратори на „Obscure Union“. Неговите изложбени проекти ги вклучуваат „Уметност во државата без државјанство“ (Галерија Модерна, Љубљана, 2015 година), „По Европа“ (State of Concept, Атина, 2016 година), „Шкотско-европскиот парламент“ (CCA, Глазгов, 2018 година) и „Музејот како Парламент“ (заедно со Демократската самоуправа Рожава, Van Abbemuseum, Ајндховен, 2018 година -во тек).
Подареното видео од рускиот колектив го документира процесот во кој „Что Делат“ работат со група млади уметници и создаваат перформанс, кој го прикажува односот на учесниците со избраните уметнички дела од колекцијата на МСУ. Делото го поврзува макронаративот на различните уметнички дела (кога и како се создаваат, нивното општествено значење итн.) со микронаративот на секој изведувач, кој преку своето тело и лирски текст го објаснува односот со избраното делото. Делото е освежувачко мапирање на музејот и историјата на младата генерација што го активира трансформативниот потенцијал на музејот. Колективот „Что делат“ (Што да се прави?) има за цел да ги спои политичката теорија, уметноста и активизмот. Групата е формирана во 2003 година. Името на колективот се поврзува со првата организација на социјалистичкиот работник во Русија, која Ленин ја актуелизира во сопствената публикација: „Што да се прави?“ (1902). Колективот, како заедница која се занимава со организација на културни активности, но и политизација на „продукцијата на знаења“ од 2003 година започнува со издавање на англиско-руски весник, фокусиран на актуелни прашања од руската културна политика, во корелација со меѓународните настани. „Что делат“ се залагаат за еднаквост на сите луѓе, борејќи се против различните форми на патријахатот, хомофобијата и родовата нееднаквост. Своите идеи ги пренесуваат преку: филм, театарски претстави, радио програми, мурали, јавни кампањи и семинари. Фокусирани се на отфрлањето на сите форми угнетување, вештачко отуѓување на луѓето, како и нивно искористување и експлоатација. Тие инсистираат на еднаква распределба на природните ресурси и богатството произлезено од 99 човековиот труд, со цел благосостојба за сите.


Видете следно

Во Велес по пауза од една година повторно ќе биде положен светиот крст од Мало мовче во Вардар

Празникот Богојавление – Водици Повардарската епархијата со седиште во Велес утрово во 8:30 часот по …