Пратениците расправаа за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки


Собранието денеска го одржа второто продолжение на 43-та седница на која беа разгледани само четири точки кои се однесуваат на работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Тоа се предлог-одлуките за давање согласност на Финансискиот план, на Стартешкиот план и Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2020 година.

Гласањето за овие точки ќе биде дополнително закажано. Со оглед на тоа што немаше доволно мнозинство во Собранието за да се гласа, за преостанатите точки кои се на дневен ред се уште не се создадени услови, односно тие не се поминати во матичните комисии, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и дополнително ќе извести кога ќе има продолжение на оваа седница.


Пратеникот Бојан Стојансоки од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека прилично е намален буџетот и прилично се намалени ставките во однос на 2019 година, а во 2020 година има намалување за 15-20 отсто на сите ставки. Укажа дека само кај ставката за договорни услуги има зголемување на сумата за 27 отсто. Тој напомена дека во земјава има масовно купување службени возила за повеќе институции, како Владата, ФЗОМ, за МЖ Транспорт и додаде оти средствата треба да бидат пренаменти за друга цел. Истакна дека имаме недостиг од амбулантски и противпожарни возила.

Пратениците од власта истакнаа дека не се зголемени финансиските средства, туку напротив во многу ставки се намалени, како што се стоките и услугите, патните, дневните трошоци, комуналните услуги…Според нив, има намалување и кај капиталните расходи.

Во дискусијата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се осврнаа на, како што велат, аферите со јавните набавки, работата на скопските градоначалници од СДСМ, на Град Скопје, на Аеродром, Бутел… Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека без разлика какви закони, одлуки и препораки да се донесат во Собранието, ако лицата кои се одговорни во договорните органи не го сменат своето мислење и работа во делот на јавните набавки тогаш, како што рече, се е попусто. мд/рп/
Скопје, 10 јуни 2021 (МИА)


Видете следно

Министерката Шахпаска на Вин-Вин: Намалувањето на времетраењето на договорите на определено време е дел од промените со новиот системски закон за работни односи

„Законското решение во делот на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на октомври …