Правото на здравје значи право на намалување на штетите


Денеска во светот има повеќе од една милијарда пушачи и статистиката покажува дека секој шести човек пуши. Сите релевантни податоци покажуваат дека пушењето е еден од главните ризик фактори за развој на најраспространетите заболувања, кои што се поврзани со смртност во развиените земји, а тоа се кардиоваскуларните болести и карциномот. Целосното откажување од пушење е најдобрата опција, но и покрај свесноста за штетното влијание што оваа лоша навика го има врз здравјето на пушачите и нивната околина, голем број луѓе сѐ уште не се откажуваат од цигарите од различни причини.

Согорувањето во било кој облик е штетно – издувни гасови од автомобилите или моторите, печки за загревање, оган за огрев или цигари. Сите овие процеси на согорување испуштаат штетни материи во воздухот, кои ја загадуваат околината. За да дојде до процес на согорување, потребни се три работи: гориво, кислород и топлина. Кога станува збор за цигарите, тутунот е горивото што го снабдуваме со топлина, главно во форма на отворен пламен од запалка, додека кислородот доаѓа од воздухот.


Кога ќе се запали цигара, доаѓа до согорување и температурата во цигарата може да порасне и до дури 900 степени целзиусови. Во тој момент се создава чад од тутунот и високите температури предизвикуваат создавање на повеќе од 6.000 различни хемикалии, а за околу 100 се знае дека се штетни и потенцијално штетни. Преку процесот на согорување, покрај штетниот чад се и катранот, амонијакот, арсенот и други канцерогени состојки кои му штетат на здравјето.

Научните истражувањата на оваа тема докажуваат дека најголемиот виновник за развојот на болести предизвикани од пушењето е чадот од тутунот, а не никотинот како што се истакнуваше подолго време. Воведувањето на нови иновативни производи кои не го согоруваат тутунот може да ги зголеми напорите за подобрување на јавното здравје, додека потребата да се пристапи кон иновациите, во контекст на поширока соработка помеѓу сите засегнати страни би требало да има ефект врз намалувањето на штетните ефекти од пушењето.


Направените истражувања говорат дека алтернативите помагаат во промените. Пушачите треба да знаат дека постои и друг начин за да престанат со консумирањето на традиционални цигари, или пак барем да ги намалат здравствените ризици на кои се изложени. Електронските уреди се базираат на технологија која го загрева тутунот и не создава чад, туку аеросол што е комбинација на течни капки, цврсти честички и воздух, за разлика од чадот кој содржи само цврсти честички. Како резултат на тоа, тие испуштаат помалку и пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни состојки во споредба со чадот што се создава при согорувањето на тутунот.

Бројни светски експерти, како и научни студии од областа на јавното здравство потврдуваат дека клучната разлика помеѓу постоењето на чад и неговата елиминација преку споменатите производи може да направи вистинска разлика во секојдневната здравствена заштита. Едукацијата во овој сегмент е клучна и неоходна за подобрување на штетните навики кај луѓето кои консумираат традиционални цигари.


За целосно разбирање на разликите, важно е да се напомене дека, иако се подобра опција, овие алтернативи не се без ризик и ослободуваат никотин кој создава зависност. Електронските уреди за загревање на тутунот се наменети исклучиво за возрасни пушачи кои инаку би продолжиле со пушењето цигари. Најдобра опција за секој пушач е да се откаже од пушењето и никотинот, но оние кои сакаат да продолжат со оваа навика имаат избор да одберат помалку штетна алтернатива


Видете следно

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи …