Предлог: секој Европеец да зема минимум 400 евра на месец


Идејата е на Европскиот економски и социјален совет (ЕИСС) и тие бараат Европската унија да воведе социјален минимум под кој не смее да паѓаат приходите на ниту еден граѓанин на заедницата. Таа ќе биде понудена на новиот Европскиот парламент, кој ќе биде избран во мај, пишува весникот ” Стандард”.

“Во оваа фаза ќе им понудиме на европратениците да гласаат за 400 до 1.000 евра во зависност од стандардот на земјите членки”.

“Очекуваме социјалниот минимум во одреден опсег да се воведе до 4-5 години. Важно е да постигнеме согласност меѓу сите социјални партнери, дека треба да се оди кон приближување на приходите”, изјави уште Малос.

 


Видете следно

Шекеринска: Од 1 март дополнителни 7.000 денари за сите припадници на Армијата

Министерската за одбрана, Радмила Шекеринска вчера заедно со британскиот бригаден генерал, Хју Лојд Џонс ги …