dav

„Предоживувања низ музика“- самостојна изложба на академскиот графичар и графички дизајнер, Дарко Аницин


На ден 25.08.2020 година (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, се отвара самостојната изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин.

Целта на овој автономен и иновативен проектот насловен „Предоживувања низ музика“ е преку мобилизирање на граѓаните од различни културни средини, да ги поттикне да размислуваат како уметноста влијае на нивната умствена и душевна состојба.
Истовремено ги спојува визуелните уметности, поточно ликовната уметност со музичката, создавајќи антистресен механизам за справување со притисоците на секојдневниот живот.

Исто така, целта се повикува на Националната стратегија за култура 2018-2020, да се создадат услови за негување на слободата и разноликоста на сите културни идентитети.

Проектот се состои од мобилизирање на публиката преку интерактивен конкурс каде граѓаните преку јавен повик праќаат до авторот свои музички нумери кои им помагаат да се ослободат од стресот.

Авторот прави избор на музички дела по кои создава акрилни дела кои ќе ги претстави на интерактивна изложба, каде ќе може да се слушаат песните избрани од јавниот конкурс и да се гледаат создадените дела.

Отворањето на изложбата ќе се одвива согласно протоколите и препораките за заштита од COVID -19.


Видете следно

Стефан Марковски со збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг” победник на конкурсот „Книжевен круг за проза”

Со одлука на стручна комисија, Друштвото на писатели Битолски книжевен круг ги објави наградените ракописи …