Предвидени 7,8 милиони денари за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија


Министрите на вчерашната седница на Владата ја прифатија Предлог-програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија, за 2019-та година.

За оваа намена се предвидени 7,8 милиони денари, а целта на програмата е одредување на присуството и концентрациите на контаминентите во храната, утврдување на присуство на резидуи од пестициди во и на храната, миграцијата на одделни супстанции од материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната, мониторирање на можно присуство на ГМО храна, микробиолошки критериуми и други опасности во храната, како и евалуација на нивното влијание врз здравјето на човекот.


Видете следно

Шест стручни комисии одлучија 180 проекти да не добијат никаква подршка од Град Скопје

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на …