Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот


Според најновите податоци, во светот има 10.326.158 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 505.956 , а оздравеле 5.600.574 луѓе

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 15 нови случаи од Ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 3.390 лица.

-На Кипар од направени 1.290 тестови во изминатите 24 часа се регистрирани два нови случај на Ковид-19. Бројот на заразени се зголеми на 996 лица.

– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 64 нови случаи со Ковид-19,со што вкупната бројка се зголеми на 2.466. Од почетокот на пандемијата битката со опасниот вирус ја добиле 1.438 лица, ја изгубиле 58, додека активни на болеста се 970 лица, од нив болнички се лекуваат 84,од кои 11 се на интензивна терапија, додека двајца од нив, еден лекар од Инфективната клиника, се интубирани. Со последните 371 тест, во Албанија, до сега, се направени 26.663 тестови

– Во Русија во текот на претходниот ден се регистрирани 6.719 нови случаи на коронавирус, со што бројот на заболени се зголеми на 641.156 од почетокот на пандемијата. Во истиот период починале 93 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 9.116. Од почетокот на пандемијата оздравеле 403.430 пациенти.

– Во Јужна Кореја потврдени се 42 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна 12.757. Од почетокот на епидемијата починале 282 луѓе.

– Во Бугарија во последните 24 часа потврдени се 66 нови случаи на Ковид-19, објави националниот портал за информации за коронавирусот. Во текот на изминатите 24 часа, тестирани се 1.034 примероци. Од 4.691 потврдени случаи на коронавирус во Бугарија, починале 219 луѓе.

– Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје во Црна Гора има 17 новозаразени лица со коронавирус од 243 тестирани примероци, а најмногу, девет, се во Подгорица. Регистрирани се и два смртни случаи.

– Во Јапонија во изминатите 24 часа регистрирани се 112 нови случаи на коронавирус, што е најголемото дневно зголемување од 25 мај кога е укината вонредната состојба. Во истиот период починало едно лице, соопшти Министерството за здравство на земјата.

– Кина пријави 12 нови случаи на Ковид-19, додека претходниот ден имаше 17. Кинеската национална здравствена комисија објави дека пет нови случаи на Ковид-19 се т.н. увезени инфекции поврзани со патници од странство. Пријавени се седум локални инфекции во главниот град Пекинг. Пекинг тестираше околу една третина од населението, како дел од напорите на градските власти да го спречат ширењето на коронавирусот.

– Во Мексико се потврдени уште 4.050 случаи на коронавирус, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вкупниот број на заразени во земјата сега е 216.852. Во последните 24 часа починале уште 267 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 26.648.

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА)


Видете следно

Трамп: Имам платено многу милиони долари за даноци

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку Твитер одговори дека има платено „многу милиони долари данок”, …