Прекинато водоснабдување во дел од Кисела Вода


Поради поврзување од старата водоводна мрежа на нова кај крстосницата на улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Антон Попов“ во населбата Кисела Вода, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на двете улици.


Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје според информациите добиени од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 8 часот, па се до завршување на интервенцијата. сп/вг/


Скопје, 20 март 2023 (МИА)