Преку денот сончево, попладне нови врнежи


Времето денеска преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекуваат врнежи локално во југоистокот, а од север ќе започне да се проширува нова облачност.

Нови врнежи од дожд ќе започнат од вечерните часови од северозапад, а на планините и понекаде на повисоките места тие ќе бидат од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени.скс/лв/

Скопје, 6 април 2021 (МИА)


Видете следно

Директорот на АВРСМ Абдуш Демири донираше ковалесцентна плазма

Директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири денеска на Институтот за трансфузиона медицина на РСМ …