ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИИ ВО ТРАНСПОРТОТ И ЕНЕРГЕТИКАТА ДО ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО СКОПЈЕ


Во хотел „Мериот“ денеска се одржа италијанско-македонскиот бизнис форум „Инвестициски проекти и можности во секторот транспорт, енергетика и животна средина во Македонија“.

На форумот се обрати градоначалникот Шилегов кој говореше за инвестициите и проектите кои Градот Скопје ги реализира и проектира во повеќе сектори, се во насока на подобрување на животната средина.

– Изминатиов период Градот Скопје и ЈСП интензивно работат на модернизација на возниот парк на јавното претпријатие и до крајот на оваа година очекувам да завршат постапките за набавка на 30 нови еколошки автобуси кои работат на гас. Новите екоавтобуси имаат значително помала потрошувачка, и речиси воопшто не емитуваат штетни гасови во воздухот. Покрај овие автобуси, сериозно размислуваме за набавка и на електрични автобуси, со што значително ќе се намали загадувањето на воздухот во Скопје – кажа Шилегов.

На форумот градоначалникот се осврна и за инвестициите во повеќе други области, како што се зголемувањето на енергетската ефикасност во објектите кои се во надлежност на Градот Скопје, пред се на објектите на средните училишта, новите сообраќајни и инфраструктурни планови, изградбата на прочистелна станица и друго.

На форумот учествуваа голем број италијански компании од секторите транспорт, енергетика и животна средина, заинтересирани за соработка со партнери од Македонија. Исто така, на форумот беа презентирани проекти и програми поддржани од Европската унија и од меѓународни финансиски институции, како и инвестициските и развојните проекти во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката и во животната средина.

Форумот е организиран во соработка со најголемите национални здруженија во Италија: Национално здружение на градежни компании (ANCE), Национално здружение на проектанти и консултанти во секторот градежништво (OICE) и Национална федерација на компании од полето на електротехниката и електрониката (ANIE).


Видете следно

АНАЛИЗА: Голем Буџет, големи амбиции – детали за капиталните расходи !

За патна и железничка инфраструктура догодина планирано е да се потрошат 84,5 милиони евра.  За технолошко …