Преку програмите на Брејнстер над 1000 лица годинава ќе се обидат да дојдат до нова дигитална кариера


Оваа година „Брејнстер“ одбележува јубилејни 5 години од своето постоење, период во кој се позицинираше како лидер во образованието базирано на потребите на индустријата. Понудата на компанијата постојано се надополнува и се состои од академии, курсеви и обуки за најбараните и најпотребните струки на денешницата, како што се програмирање, тестирање на софтвер, data science, UX/UI, графички дизајн и дигитален маркетинг. Во своето петгодишно постоење, низ обуките на „Брејнстер“ поминаа над 4000 лица, од кои најголем број денес се веќе дел од компании лидери во своите бранши.

„Во изминативе 5 години постојано ги следевме потребите на индустријата и одговаравме на истите преку креирање програми базирани на стекнување применливи вештини и праткично искуство. Едукацијата тука се одвива под менторство на врвни професионалци од индустријата и претставува сопфатен процес – од помош при избор на кариера, преку професионална подготовка и реални проекти до воспоставување контакти за започнување со работа или практиканство. Создадовме настава за иднината, образование за дигиталната ера“ – вели Петар Ниновски, основач на Брејнстер.

Оваа година, на 6-те кариерни патеки, во „Брејнстер“ се запишаа рекордни над 1000 студенти. Наставата ја изведуваат повеќе од 150 инструктори во различни бранши, секој „поткован“ со огромно искуство во својата сфера и насочен да ги подготви студентите за што побргу да започнат со работа и целосно да одговорат на потребите на нивната професија. Ниту пандемијата на КОВИД-19 не ја запре наставата, часовите беа целосно префрлени онлајн и се одржуваат на т.н. „Виртуелна училница“, а студентите на располагање имаат голем број технолошки алатки за успешно следење на наставниот процес, од кои дел беа креирани од студенти на академиајта за програмирање на „Брејнстер“.

Покрај веќе етаблираните наставни програми кои „Брејнстер“ ги нуди, оваа година огромен интерес има за Data Science и за UX/UI дизајн – двете моментално најбарани и најплатени области на пазарот на IT и дигитални вештини. Овие две академии сезонава премиерно се поставени како први програми на „Брејнстер“ надвор од нашата земја и тоа во Виена, каде со помошта на локални експерти и наши предавачи се обучуваат првите групи студенти. Инаку, „Брејнстер“ ја отвори првата академија за Data Science во регионот пред нешто повеќе од 1 година. Првата генерација студенти успешно ја заврши Академијата со одбрана на завршните практични проекти од областа на машинско учење.

Компанијата оваа година беше и добитник на националната награда за општествено одговорна компанија за изработка на апликацијата Komunicira.mе, која целосно ја развија студентите од Академијата за програмирање на Brainster, во соработка со средното училиште за ученици со оштетен слух „Партенија Зографски“, а студентите од академиите работеа и на дигитализација на списанието Лице в Лице, промоција на платформата за анонимно психолошко советување Разговор.мк и други проекти од областа на општествената одговорност.

„Брејнстер“ останува отворен за сите млади луѓе кои сакаат да започнат кариера во IT и дигиталните вештини, но и за сите оние кои сакаат да променат кариера и да развијат практични вештини за квалитетно вработување во нова професија.

„Секако дека е предизвик човек да се одлучи што би сакал да изучува и работи, бидејќи дигиталниот свет нуди безброј можности. Токму затоа, нашиот тим изготви и платформа со голем број на бесплатни онлајн предавања, од сите области за кои нудиме едукација,  достапни на нашиот сајт (https://online.brainster.co/prethodni-predavanja/). Тоа е место каде без никаков надомест, секој може да разгледа што се изучува и подеднакво важно – како тоа се изучува, па од тука да ја донесе својата одлука за избор на наставна програма.“, истакнува Ниновски.


Видете следно

Конференција „Како институциите се справија со одливот на мозоци 2013-2020?”

Во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци денеска ќе се одржи конференцијата: …